Како изгледа кога два „ѕвера“ од 170 килограми ќе почнат да си удираат шлаканици (Видео)

Во период кога сите најголеми спортски настани се одложени и се бара социјална дистанца, приматот им припаѓа на оние бизарни спортови, како што е удирањето шлаканици. Русинот Василиј Хамотскиј е познат како шампион во удирање на шлаканици и ретко кој успеал да го победи во оваа дисциплина.

Хамотскиј неодамна беше предизвикан од бразилскиот ММА борец Зулузињо. Двајцата се тешки преку 170 килограми и беше повеќе од јасно дека тоа ќе биде натпревар што ќе предизвика големо внимание. Шоуто беше во еден затвор, а двајцата покажаа дека може да истрпат тешки удари.

Борбата во удирање шлаканици беше во 5 „рунди“, односно двајцата имаат по пет пати шанса да ги „шамараат“ противникот. Наградата за победникот беше 2.000 долари, а погледнете го исходот на овие двајца „ѕверови“.

 

- Оглас -

Најнови вести