Сакал да види до каде е новиот стадион на АЕК, па добил и казна, но и супер награда

Еден 60-годишен жител на Атина решил да ја прекрши забраната за излегување надвор, и заминал кон местото во населбата Неа Филаделфија во Атина каде што во тек е изградба на новиот стадион на кој своите мечеви како домаќин ќе ги игра клубот АЕК. Стадионот ќе биде со 32.000 седишта.

Навивачот на АЕК бил забележан од полицијата, а бидејќи немал пропусница и дозвола за движење, добил казна од 150 евра.

Но, за негова среќа, сето ова го виделе и вработени од клубот АЕК, па тие му ја платиле казната, го поканиле да го разгледа стадионот, а потоа му дале и годишен билет за следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести