Сане е пред трансферот од соништата

Германскиот репрезентативец Лерој Сане е многу блиску до заминување од Манчестер сити. Според најавите од Англија, Сане е пред реализација на посакуваниот трансфер во Баерн Минхен. Сане во Сити помина четири сезони, а сега е пред враќање во Бундеслигата.

Пред да дојде кај Граѓаните, Сане играше во Шалке, а сега е на пат кон најтрофејниот германски клуб. Се шпекулира дека трансферот на Сане ќе биде околу 80 милиони евра, иако англискиот првак бара и над 100 милиони евра.

Германскиот крилен играч ја пропушти цела досегашна сезона, откако во авуст заработи тешка повреда на лигаментите на коленото. Договорот на Сане со Сити е уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести