Може ли Барса вака? Покер што би ја дрмал фудбалската планета (Фото)

Лионел Меси и Нејмар како крила, а Лаутаро Мартинес и Луис Суарес во шпицот на нападот на Барселона, би бил страшно атрактивниот офанзивен покер за кој веројатно сонуваат сите навивачи на шпанскиот гигант.

Дали воопшто може да се вклопат вакви четворица топ-индивидуалци во еден тим и тој да функционира беспрекорно? Каталонскиот спортски медиум „Спорт“ на својата насловна страница тврди дека може, а има и варијанта што би била ултра-офанзивна.

Лионел Меси и Нејмар како крилни играчи, а во шпицот на нападот Луис Суарес и Лаутаро Мартинес во формација 4-2-4 што е невообичаена во модерниот фудбал и исклучително офанзивна.

Барселона во таков случај би била страшно атрактивен тим, но критички настроените фудбалски експерти велат дека во овој момент и со ростерот со кој располага лидерот во Ла Лига тоа би било и мошне ризично. Одбраната на Барселона не влева доверба дека може да ги покрие сите дупки во едан ваква постава, бидејќи ниту еден од овие четири напаѓачи не мисли на дефанзива.

Можно е да се искомбинира и формација 4-3-3, но Барселона има проблем и со трансферите на Нејмар и на Мартинес. Ангажманот на двајцата одлични индивидуалци во ист преоден рок ќе ги чини околу 300 милиони евра, што е премногу и за богатата Барселона во услови на криза.

Поверојатна варијанта е дека Мартинес веќе ова лето ќе пристигне на „Камп Ноу“, а Барселона има и план за негов ангажман без да потроши многу пари, односно да не ја плати целосно откупната клаузула од 111 милиони евра.

Нејмар кој би чинел околу 170 милиони евра, за кам-бек од ПСЖ во Барселона веројатно ќе мора да почека подобри времиња за повторно да игра за Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести