Криза е, Нејмар ќе почека – Приоритети на Барселона се Лаутаро и Меси

Барселона одлучи да ги смени приоритетите во услови на епидемијата со Коронавирус што ќе има ефект и на буџетот на клубовите, а по се изгледа ќе извиси Нејмар.

Поранешнито играч на Каталонците беше топ-приоритет за кам-бек на „Камп Ноу“ пред да почне кризата и се најавуваше негов ангажман за сума од околу 170 милиоини евра. За Барселона во нормални услови таков потфат воопшто не би преставувал проблем, па лесно ќе можеа да му ја исполнат желбата на Лео Меси да го вратат Бразилецот во своите редови.

Но, сега се менуваат приоритетите и токму Меси е во центарот на вниманието, заедно со Лаутаро Мартинес. Барса се подготвува да му понуди продолжување на договорот на капитенот и икона на тимот.

Меси има договор со Барселона до 2021 година, но и клаузула со која може да си замине веќе ова лето, па Каталонците брзаат да го задржат Аргентинецот во своите редови веројатно со договор до крајот на кариерата.

На врвот на приоритетите е да се ангажира и Лаутаро Мартинес, шпицот на Интер, што е една од желбите на Меси. Барселона најави дека нема да плати 111 милиони евра како отштета за одличниот напаѓач, но е блиску до договор со Интер за трампа и плус доплата на одредена сума на пари.

Двата клуба преговараат во Интер да се преселат Видал, Семедо, Алења и Кукурелја, а на „Камп Ноу“ да пристигне Мартинес и шпанските и италијанските медиуми објавија дека се блиску до договор.

- Оглас -

Најнови вести