Нов договор и богатство за Ларкин

Шејн Ларкин добива нов, побогат договор во Анадолу Ефес со кој ќе се наметне меѓу најплатените кошаркари во Европа. Најдориот играч за тековната сезона во Евролигата ќе ја продолжи соработката со актуелниот вицепрвак до 2022 година и ќе заработи вкупно 7,7 милиони евра.

Во последната година од договорот Ларкин требаше да земе околу 2,5 милиони евра, меѓутоа сега ќе инкасира 3,7 милиони евра, а потоа уште четири милиони евра ќе му легнат на сметка. Ова му доаѓа како награда за блескавите партии кои ги пружи оваа сезона и е прв кандидат за МВП-наградата.

Со просек од 22,2 поени по натпревар, Ларкин е најзаслужен што Анадолу е на лидерската позиција на табелата во Евролигата и воедно што минатата сезона стигнаа до Ф4 завршницата, односно финалето во кое загубија од ЦСКА Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести