Забраната за фудбалски активности во Холандија до 1 септември значи дека шампионатот во оваа земја нема да биде доигран. Премиерот на Холандија, Марк Руте, ја потврди оваа вест.
Првобитно, забраната во Холандија се однесуваше на периодот до 1 јуни, а сега е продолжена за дополнителни три месеци. Ајакс и ПСВ Ајндховен и градоначалниците на најголемите градови ја поддржуваат одлуката да не се доигра сезоната 2019/20. Сега на потег е Фудбалската федерација на Холандија. Ако се гледа актуелниот пласман, Ајакс треба да биде првак, но дали УЕФА ќе дозволи Ајакс да игра во Лигата на шампионите со недовршена сезона?
И Белгијците неодамна објавија прекин на првенството, па откако УЕФА им објасни како стојат работите, се премислија.