Во Белорусија судиите и девојките кои најавуваат рунди со маски (Фото)

Додека цел спортски свет се мачи да се врати во нормала, во Белорусија си продолжуваат фудбалските мечеви, но и борбите. Белорускиот фајт шампионат се одржа во релативно нормални услови. Борците беа без маски, но сите други во салата беа маскирани.

Главниот судија во кафезот беше заштитен, а тоа се однесува и на судиите на маса кои седат покрај борилиштето.

Со маски беа заштитени и згодните девојки кои иако минимално облечени, привлекуваа внимание со маските. На трибините немаше публика, па малкумина беа сведоци на овој необичен настан.

- Оглас -

Најнови вести