Љорис ги продава ракавиците со кои бранеше во финалето на ЛШ

Голманот на Тотенхем, Уго Љорис, ги понуди на аукција ракавиците со кои бранеше во мадридското финале на Лигата на шампионите во минатата 2019 година. Љорис парите од продажбата ќе ги донира за медицинскиот персонал во Франција кој се бори со пандемијата на коронавирусот.

Претпладнево, цената за ракавиците дојде до 850 евра. Љорис прими два гола во финалето на ЛШ против Ливерпул, Црвените победија со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести