Поради прекинот на сезоната Холанѓаните веќе загубија 300 милиони евра

Фудбалската федерација на Холандија одлучи да го прекине фудбалското првенство поради опасноста од Коронавирусот. Во прекинатата сезона нема да има првак, но нема да има ни клубови кои ќе испаднат од елитното друштво, во кое Ајакс и АЗ Алкмар беа во трка за тронот.

Место во Европа обезбедија певопласираните пет екипи на табелата до прекинот, а неколку клубови најавија жалби, затоа што се чувствуваат оштетени поради таквата одлука. Челниците на Утрехт кој беше на шестото место, се чувствуваат „украдени“ затоа што нивниот тим имаше одиграно еден меч помалку и со евентуална победа, ќе се најдеше меѓу првите пет на табелата, а исто така беа и финалисти во Купот, па и на тој начин можеа да се изборат за место во Европа, а ваќа нивните шанси сега се загубени.

Поради прекин на првенството се направени и огромни штети на клубовите, па пресметано е дека досега се загубени 300 милиони евра, а таа сума ќе биде многу поголема. Владата во Холандија одлучи дека никакви фудбалски активности нема да има до 1 септември, што значи дека и новата сезона нема да почне во предвидениот термин.

- Оглас -

Најнови вести