Има и похрабри од Германците, денеска почнува едно првенство во Европа

Со мечевите меѓу Торшавн – Стрејмур и Рунавик – ТБ Творојри во 16 часот денеска започнува фудбалското првенство на Фарски Острови. Во оваа земја фудбалските возбудувања најчесто започнуваат во средината на март, период токму кога и започна пандемијата со Коронавирусот.

Поради опасната болест која се рашири низ целиот свет, првенството на Фарските острови воопшто не стартуваше во предвидениот период. Сепак, токму оваа земја се покажа како една од најуспешните во справување со здравствената криза, па токму затоа одлучено беше да се олабават мерките за безбедност и да биде дозволен старт на фудбалскиот шампионат.

Првенството на Фарски Острови е првото европско првенство кое се активираше во мај, а денеска се играат петте меча од првото коло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести