Проблемите кои ги има софиски Левски, и на кого му се заканува згаснување, можеби се предизвикани од „проклетството на Хајдук“, на шега пишуваат хрватски медиуми. „Слободна Далмација“ наброја клубови кои во последните дваесетина години играле против Хајдук, а сега се пред банкрот.
Жилина, Андерлехт и Шалке се со финансиски проблеми или пред прагот на распад, сега на таа листа се придодава и Левски, а Хрватите го подзаборавија Хоризонт Турново, клубот кој веќе го нема иако играше против сплитските Били во европските купови.
Левски кој е 26-кратен првак на Бугарија и никогаш не испаднал од првата бугарска лига, играше со Хајдук Сплит во 2017 година во квалификациите за Лига Европа.