Марсел Кајзер ќе биде новиот тренер на Спортинг Лисабон?

Само ситници го делат од официјализација и потпишување договорот помеѓу клубот Спортинг Лисабон и тренерот Марсел Кајзер. Овој Холанѓанец во моментов го води клубот Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати, а има работено и во Ајакс.

Пред два дена, Спортинг се раздели со тренерот Жоао Пешеиро, откако тимот загуби во Лига купот со 1:2 од второлигашот Есторил.

Според португалските медиуми, најблиску до тоа да стане тренер на тимот за кој настапува македонскиот десен бек Стефан Ристовски, е Кајзер. Откако ќе договори под кои услови ќе го раскине договорот со Ал Џазира, Кајзер веднаш заминува за Португалија.

Желба на Спортинг беше и Леонид Слутски од Витесе, но рускиот тренер тешко може да добие раскин на договорот. Од Кајзер се очекува да ги форсира младите домашни играчи, како што тоа го правел во минатото додека бил тренер на Ајакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести