Меси ќе патува за Милано за дуелот против Интер

Лионел Меси се врати на тренинзите во пресрет на гостувањето на Барселона кај Интер (вторник, 21 часот), мечот кој ќе се одигра во рамките од 4. коло во Лигата на шампионите. Аргентинецот поради фрактура на десната рака која ја заработи на мечот против Севилја, ги пропушти последните четири средби на Барса во сите конкуренции, во кои „каталонците“ издвоија максимален учинок.

Валверде го именуваше Меси во составот кој ќе патува за Милано, иако тој нема добиено дозвола од медицинскиот тим за настап. Засега е неизвесно дали Лео ќе биде меѓу резервите и ќе чека шанса да влезе од клупа, или пак нема да биде меѓу они 18 играчи кои ќе бркаат победа против „нероаѕурите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести