Фактот што спортот на глобално ниво постепено зема замав и се враќа во нормала, значеше дека и обложувалниците на Sport Life од денес ќе бидат отворени за своите корисници. Согласно со мерките за заштита и превенција од вирусот Ковид-19, на уплатните места на Sport Life од денес поставени се и чекорите кои мора да се следат, а како што се гледа на фотографиите истите се почитуваат максимално.
На влезот од секој објект има образложение како корисниците треба да се однесуваат. Задолжително е носење маска/марама при влез во објектот, како и дезинфицирање на рацете. Корисниците мора да држат растојание од два метри и воедно да се внимава на хигиената.
Што се однесува за добитните тикети, исплата се врши по 14 часот.