Шведскиот фудбалски клуб Далкурд од Упсала, чии основачи се курдски доселеници од турската провинција Мардин, пред две години се соочил со голем проблем и губење на еден од спонзорите, кинеската компанија „Хуавеј“. Според претседателот на клубот, Рамазан Кизил, Турција не сака спонзор на Далкурд да биде компанија која работи и во Турција.
Пред две години, „Хуавеј“ им давал 40.000 долари за неговото лого да се најде на дресот, но четири месеци подоцна Кинезите се повлекле со објаснување дека во разговор со Турците им било кажано дека ако бидат спонзори на курдскиот тим, ќе мора да престанат со работа во Турција, која е голем пазар.
Далкурд во 2017 година играше во најсилната шведска лига, сега е второлигаш. Државата Турција не сака Далкурд да игра европски мечеви и преземала мерки за да не се случи тимот евентуално да се сретне со некој турски клуб.