Ѓоковиќ и официјално број 1, Димитров испадна од Топ 10

Она што се знаеше уште пред неколку дена, денеска доби официјализација, Новак Ѓоковиќ е новиот машки рекет број 1. Ѓоковиќ по пласманот во финалето на Мастерсот во Париз, се врати на челната позиција на светската ранг-листа и има 8.045 поени, додека второпласираниот Рафаел Надал, кој не игра и загуби многу поени кои ги бранеше од лани, падна на 7.480.

Новак за последен пат беше лидер на АТП-листата на 31-ви октомври 2016 година, а по две години, еве го повторно на врвот. Пресвртницата беше Вимблдон. На лондонскиот Гренд слем, Ѓоковиќ ја освои титулата како 21-ви носител. Потоа го освои и Мастерсот во Синсинати, турнир кој го немаше освојувано ниту порано кога беше во топ форма.

По Ѓоковиќ и Надал, трети е ветеранот Роже Федерер, а во топ 5 се уште Дел Потро и Зверев. Најголем пад имаше Григор Димитров, кој од 10-то падна на 19-то место, а Карен Хачанов од 18-то, напредуваше на 11-то место.

Кај жените, нема поместувања кај најдобрите 10, тие веќе не играат, и натаму прва е Симона Халеп, а нашата Лина Ѓорческа напредуваше за 62 места и сега на 424-та позиција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести