Пешиќ: Како да држам тајмаут со маска на лицето? Лекарите нека бидат тренери

Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Светислав Пешиќ, ја собра екипата минатата недела, но тренирањето под посебни услови му создава многу проблеми, а неизвесно е и кога ќе може да се вратат на теренот и дали воопшто ќе се игра кошарка до крајот на сезонава.

Српскиот стручњак сака сезоната да се доигра на паркет, но прашање е дали тоа е изводливо.

„Имунолошкиот систем е ослабнат од долгото седење дома. Вирусот уште е присутен и тоа е најголем проблем. Никој не кажува дека враќањето во нормала ќе потрае. Велат дека три-четири недели се доволни за подготовка, а тоа е најголема глупост и измама. Тој период е доволен само за подобрување на имунитетот“, вели Пешиќ.

Популарниот Кари објаснува со какви проблеми се соочува периодов.

„Само што не одиме на прсти. Докторот оди зад мене и постојано ми вели немој тука да газиш, немој таму. Му велам, па оди ти тренирај ја екипата наместо мене. На шега му велам дали тие што го правеле протоколот, предвиделе дека и тренер треба да има на натпревар. Ми вели на тајмаут ќе морало да носам маска. Како е можно? Сите испотени, нема допирање. Работите се чувствителни, особено во кошарката. Во фудбалот е полесно, се игра на отворено, поинакви се протоколите“, смета Пешиќ.

Најавите се дека на 24-ти мај ќе се одреди судбината на сезоната во Евролигата. Една од опциите е да се игра само плејоф во јули, а Белград, Москва, Истанбул се меѓу кандидатите за град во кој би се играла завршницата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести