Веселин Вујовиќ поради приватни причини си замина од Загреб

Легендарниот Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на Загреб. Од хрватскиот тим потврдија дека Вујовиќ си заминува поради приватни причини и му посакаа среќа во иднина.

Оваа одлука на Вујовиќ дојде само по три дена откако тој се врати во хрватската престолнина и само по еден одржан заеднички тренинг со играчите по принудната пауза поради корона-вирусот.

„Не сакав да работам во клуб до Европското првенство, но кога ми се јавија од Загреб, лесно се договоривме.Ми дадоа рака во тешки моменти и тоа ќе го памтам. Морам да признаам дека од Словенечкиот ракометен сојуз не ми направија проблем што решив да бидам и тренер на Загреб“, велеше Вујовиќ пред осум месеци кога беше промовиран во тренер на Загреб.

Вујовиќ работеше и во македонскиот првак Вардар, каде што стана еден од омилените ликови на навивачите во црвено и црно.

- Оглас -

Најнови вести