Херта набрзина успеа да го фрли во двоен нокдаун големиот градски ривал Унион Берлин и со голови за 60 секунди води со 2:0.
На празниот „Олимписки стадион“ во Берлин домаќините поведоа со голот на Ведат Ибишевиќ во 51. минута, а само една минута подоцна прецизен беше и Доди Лукебакио за голема предност на Херта во берлинското дерби.
Ибишевиќ го постигна и вториот гол во првите две кола, откако се врати на сцена германското првенство, а потоа и му асистираше на Лукебакио за 2:0.
Голот на Ибишевиќ погледнете го ОВДЕ.
Погодокот на Лукебакио можете да го погледнете ОВДЕ.