Вардар не застанува, пушти уште 200 билети за дуелот со Барса

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Барселона, пуштени се во продажба дополнителни 200 билети по цена од 150 денари. Tие се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Претходно беа продадени дополнителните 500 билети, што беа пуштени исто така за стоење и плус распродаден е целиот капацитет за седење во СЦ „Јане Сандански”. Ова значи дека салата веројатно ќе биде исполнета како никогаш досега.

Натпреварот со Барселона е закажан за 11-ти ноември, во 17 часот.

Клубот одржа прес-конференција пред утрешниот дуел со Нексе од СЕХА-лигата. Објавено е дека средбата ќе ја прескокнат Мораеш и Оцвирк. Нексе во своите редови ќе го има Јагањац, кој до неодамна беше член на Металург.

„Нексе досега во СЕХА-лигате играше добро. Играат многу интензивна одбрана и често ја менуваат тактиката во дефанзивата, а и во нападот креираат чисти шутеви. Мора да бидеме подготвени и да играме внимателно и во нападот и во одбраната. Ќе биде тешко, но кога играме дома, се бара победа”, вели тренерот Роберто Парондо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести