Само во Италија: Рома и Интер ќе прават нова трампа со истите играчи

Во летото 2018 година Интер и Рома се договорија за трампа меѓу Раџа Најнголан и Николо Ѕаниоло, со тоа што младиот Италијанец беше дел од пакет-понудата заедно со Давиде Сантон кои пристигнаа на „Олимпико“ во замена за искусниот белгиски играч за врска.

Сепак, Најнголан не се снајде во сино-црниот дрес, па пред почетокот на актуелната сезона, Интер го прати во Калјари на позајмица, додека Ѕаниоло се наметна во редовите на Римската волчица и блескаше пред тешката повреда со која се здоби во јануари годинава. Сега ривалите ќе прават нова трампа со истите играчи.

Интер сака да ја исправи грешката од пред две години што му дозволи на Ѕаниоло лесно да си замине, додека Рома е во финансиски проблеми и ќе го жртвува талентираниот репрезентативец со цел да ги подмири сметките. Овојпат Интер ќе дава пари и плус Најнголан во замена за Ѕаниоло, а Рома допрва ќе ја одреди цената за него, со оглед на тоа дека има интерес од Јувентус, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Доста чудна ситуација, дефинитивно вакви трансфери може да се видат само во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести