Сопственикот на ПАО нападнат во својот дом

Група од 100 луѓе го нападнале Димитрис Јанакопулос, сопственикот на грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос, во неговиот дом. Засега не се познати причините за нападот, но може да се претпостави дека се работи за револт на навивачи откако Јанакопулос вчера соопшти дека го продава клубот.

Контроверзниот грчки бизнисмен вчера свика вонредна прес-конференција на која потврди дека ПАО е ставен на продажба за сума од 25 милиони евра.

Сопственикот на шесткратниот европски првак често беше тема на разговор по честите расправии со Грчката кошаркарска федерација, но и со Евролигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести