Партизан ја победи Црвена ѕвезда минимално со 1:0 и на тој начин се пласираше во финалето на Купот на Србија. Црно-белите играа на свој терен, пред околу 20.000 гледачи, а одлучувачкиот момент се случи во 58 минута кога Натхо го матираше голманот на гостите.
И покрај погодокот на Натхо, потегот за кој се зборува од дербито се случи по мечот. Умар Садик, кој беше креаторот на акцијата за погодокот, беше еден од најсреќните по победата. Веднаш по завршување на дуелот, Садик не ја криеше среќата, но даде изјава која ги налути фановите на Црвена ѕвезда. Напаѓачот на Партизан ги нарече противничките играчи „цигани“.
„Ви реков денеска мора да победиме против „цигани“, изјави среќниот Садик.