Ливерпул победи со 6-0 на првиот меч за време на корона-вирусот

Ливерпул го порази Блекбурн роверс со 6-0 во контролен меч кој се одигра зад затворени врати на „Енфилд”. Тоа беше прв меч за Црвените по прекинот на Премиер лигата во март поради корона-вирусот. Борбата во првенството продолжува идниот викенд, кога тимот на Јирген Клоп ќе гостува кај Евертон на „Гудисон парк”.

Головите за Ливерпул на денешната проверка ги постигнаа Наби Кеита, Садио Мане, Такуми Минамино, Жоел Матип, Ки Јана Хоевер и Лејтон Кларксон. Непријатна информација за Клоп е повредата на Алекс Окслејд-Чемберлен, кој добил удар во глуждот на ногата и го напуштил теренот.

Мохамед Салах и Енди Робертсон не играа, а Роберто Фирмино доби шанса во второто полувреме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести