Актуелниот европски првак точно за 10 дена ќе им се врати на обврските во Премиер лигата, а во пресрет на градското дерби против Евертон, тимот на Јигрен Клоп се загреваше против Блекбурн на „Енфилд“ зад затворени врати.
На црвената страна од Мерисисајд ништо не е сменето, Ливерпул и речиси по три месеци пауза игра на високо ниво. Триумфот од 6-0 против некогашниот англиски првак е доволна потврда дека Црвените брзо ќе го довршат започнатиот поход кон титулата.
Гостите шестпати ја вадеа топката од мрежата, за Ливерпул стрелаа Кеита, Мане, Минамино, Матип и младите Хевер и Кларксон.
Full time at Anfield
Liverpool 6-0 Blackburn – (Keita, Mane, Minamino, Matip, Hoever, Clarkson) pic.twitter.com/5mKTz2Q3b0
— Watch LFC (@Watch_LFC) June 11, 2020