Реал Мадрид со убедливи 3-0 против Ејбар им се врати на обврските во Ла Лига по три месеци пауза. Кралевите му го разубавија јубилејниот 200-ти меч на Зинедин Зидан на клупата завршувајќи ја работата уште во првото полувреме.
Крос уште во четвртата минута го отвори резултатот со одличен удар од работ на шестнаесетникот, а потоа Рамос и Марсело во период од седум минути на двапати го совладаа гостинскиот голман Дмитровиќ.
Капитенот започна и го заврши одличниот контранапад откако му асистираше Азар, додека Марсело искористи одбиена топка за да се запише во листата на стрелците во 37-мата минута. Бигас го реализира почесниот гол за гостите во 60-тата минута за конечни 3-1 на стадионот „Алфредо ди Стефано“.
Реал по 28-мото коло, повторно заостанува со два бода од лидерот Барселона, додека Ејбар се бори за опстанок и е на 16-тата позиција со 27 бода.