Кралски почеток, перфекција на Тони Крос (видео)

Само три минути беа потребни за Реал Мадрид да го најави својот рестарт на сезоната. Кралевите рано поведоа против Ејбар преку Тони Крос и неговиот хируршки прецизен удар од работ на шестнаесетникот, што беше прва поконкретна акција на домаќините.

Вчера Барселона исто така во воведот од средбата против Мајорка ја отвори сметката, а избраниците на Зинедин Зидан одговорија идентично и засега најавуваат жештока битка за титулата до самиот финиш на првенството.

https://streamable.com/gwdonk

- Оглас -

Најнови вести