Челниците на Лас Палмас доцна синоќа ја потврдија смртта на Жорге Санчес, 17-годишен тинејџер кој играше за младинските селекции на тимот од Канарските острови. Санчес од следната сезона требало да биде прекомандуван во сениорскиот тим, но не дочека да дебитира за Лас Палмас.
Нејсреќниот тинејџер заедно со уште неколку пријатели заминале да се бањаат, а тоа се покажало кобно за Жорге и уште еден 15-годишник. Кога дошла Брза помош само констатирале дека двајцата тинејџери се удавиле.
„Ова е еден од најтажните денови во историјата на нашиот клуб. Немаме зборови да ја опишеме болката“, стои во соопштението на клубот.
La UD Las Palmas lamenta profundamente el fallecimiento del ex jugador de nuestro cadete Jorge Sánchez Vaca, que, procedente del UD Jandía, tenía previsto incorporarse a nuestro Juvenil A la próxima temporada. Enviamos nuestro pésame a sus familiares y amigos. DEP pic.twitter.com/y99xMLnvMX
— UD Las Palmas (@UDLP_Oficial) June 20, 2020