Откако закрепна од повредата, за крилото на Реал Мадрид, Марко Асенсио, секој натпревар на којшто игра е важен, но овој вечерашниот можеби ќе му стане еден од најважните и незаборавен. Асенсио е роден во Палма, најголемиот град на островот Мајорка, првите посериозни фудбалски чекори ги направи во клубот Мајорка, од каде што премина во Реал, а вечерва има прилика за првпат да заигра против својот сакан клуб за којшто почна да игра кога имаше 11 години.
Асенсио досега во кариерата никогаш не играл против Мајорка. Тој сонуваше да заигра за Реал Мадрид, сонот му беше остварен седум години по разговор на неговите родители со претседателот Флорентино Перес.
Одлуката дали Асенсио ќе игра, е во рацете на тренерот Зинедин Зидан, но Французинот знае колку ова ќе му значи на Марко и за очекување е Асенсио да добие шанса. Ако даде гол, нема да се радува од почит кон тоа што направија за него во минатото и колку му значат.