Арсенал му се придружи на Манчестер јунајтед како втор патник за „Вембли“ и ќе игра во полуфиналето на ФА купот, откако попладнево со гол на Дани Себалјос во 91-ва минута го совлада Шефилд јунајтед. Пепе од пенал го донесе Арсенал во водство, домашните изедначија во 87-ма минута и кога помислија дека се спасиле и дека се избориле за дополнителни 30 минути игра, резервата Себалјос кој влезе во игра во средина на второто полувреме, даде гол вреден финале.
За Шпанецот ова е прв гол од октомври наваму. Со 30 полуфиналиња, Арсенал и Манчестер јунајтед се најуспешни клубови во ФА купот. Останатите две четвртфиналиња се играат вечерва.
https://twitter.com/i/status/1277239408605839361