Барселона подготвува нова голема размена со Јувентус, Гриезман на пат кон Торино?

Барселона и Јувентус оваа недела направија размена на играчи според која Миралем Пјанич замина на „Камп Ноу“, а од Барселона во Торино пристигна Артур. Според најавите на „РАИ“, можно е до крајот на летово да се направи уште една спектакуларна размена, во која ќе биде вклучен Антоан Гриезман.

Францускиот голгетер не е задоволен од минутажата која ја добива во Барселона, па се погласни се шпекулациите за негово заминување. Добрите односи на Барса со Јувентус се доволен знак за да започнат предвидувањата дека Гриезман може да заврши токму во италијанскиот првак.

Барселона лани за Гриезман плати 120 милиони евра, а сега неговата вредност се проценува на 100 милиони евра. Опција би било Јувентус за Гриезман да ги даде Рабиот и Даглас Коста плус пари. Според последните пресметки, двајцата играчи на Јувентус се проценуваат на по 25 милиони евра.

За Јувентус би било одлично ако успее да ги спои Роналдо и Гриезман во нападот, но никако не смее да се заборави дека и Дибала игра во одлична форма сезонава.

 

 

- Оглас -

Најнови вести