Го испратија цел тим во карантин и ги прогласија за шампиони

Сите фудбалери и тренери на Будуќност од Подгорица се испратени во карантин поради зараза од корона-вирус, а во 14-дневна изолација заминаа како шампиони на Црна Гора.

Поради сложената ситуација со ковид-19, раководството на Фудбалската федерација одлучи да го прекине првенството и да го прогласи најпознтатиот клуб во земјата за нов првак.

„Во голем дел од црногорските градови заради зголемен број случаи позитивни на ковид-19 невозможно е да се одржуваат спортски настани, па одлучивме да го прекинеме првенството. Цел тим на Будуќност, заедно со тренерите и дел од вработените во клубот се во самоизолација, што е само дополнителен повод да заврши сезоната 2019/20“, изјави Дејан Савичевиќ.

Будуќност до прекинот беше убедлив лидер со 18 бода пред Сутјеска. Сега и двете екипи се израмнети со по 4 шампионски круни во независна Црна Гора.

Зад нив се Рудар Плевља и Могрен со по два пехари, а Зета и Титоград имаат по една титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести