Во словенечкото првенство дури во последното коло ќе дознаат кој ќе биде првакот. Целје има историска шанса да стигне до првата титула во шампионатот откако неочекувано се најде на лидерското место во пресрет на последното коло. Олимпија Љубљана, која го имаше адутот во свои раце, вчера загуби на свој терен од Табор Сезана со 1:2 и сега има два бода помалку од Целје.
Во последното 36-то коло Целје на свој терен игра токму против Олимпија. Домаќините се во пол-позиција затоа што покрај тоа што играат на свој терен, доволно им е само да не загубат. Во двата меча кои сезонава ги одигра Олимпија, победи на гости кај Целје со 3:1, а потоа Целје се реваншираше во Љубљана и славеше со 1:0.
Дуелот за титула ќе се игра в среда, а фактот дека двата конкуренти во меѓусебен меч ќе решат кој ќе застане на тронот, словенечкото првенство може да го добие епитетот на едно од најинтересните во Европа за оваа сезона.