Игор Златановиќ постигна фантастичен погодок од пола терен за Нумансија за водство од 1-0 против Тенерифе во клучниот меч за опстанок во Втората лига на Шпанија.
Српскиот интернационалец прецизно шутираше од центарот во 11-тата минута, резултат со кој Нумансија засега ќе го задржи второлигашкиот статус. Воедно на екипата ѝ е потребна помош од Кадис, кој веќе се избори за промоција во Ла Лига да не загуби од Албасете на домашен терен.
https://www.youtube.com/watch?v=ibIF1GrsLkQ&feature=youtu.be