Уште 10 дена: Секој тикет може да биде одлучувачки за влез во финалето и освојување СТАН НА ВОДНО!

Речиси по една година од започнувањето на оваа сезона на Типстер купот на Sport Life, се доближуваме до кулминацијата. Остануваат уште 10 дена до крајот на последната месечна фаза по која треба да бидат познати сите финалисти. Неверојатен е влогот за влез во финалето. Најдобриот во оваа сезона во Типстер купот на крајот ќе си добие СТАН НА ВОДНО!

До 31 јули трае трката за месечниот влез во финалето, а резултатите кои засега се во голем дел од објектите покажуваат дека разликата меѓу најдобрите е многу мала. Пласман во финалето обезбедуваат првопласираните двајца од секој објект, но интересно е што за тие две места конкурираат повеќе луѓе.

ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ Е ОД 10 АВГУСТ ДО 10 СЕПТЕМВРИ

Затоа сега е моментот. Да се искористат последните 10 дена да се направат доволен број поени кои ќе ви гарантираат влез во финалето и борба за неверојатната премија, а тоа е СТАН НА ВОДНО!

Во досегашните месечни фази, место во финалето обезбедија повеќе од 3.000 играчи во Sport Life. По завршување на јулската фаза, ќе следува подготовка за големото финале! Борбата за освојување на премијата СТАН НА ВОДНО ќе започне на 10 август и ќе трае до 10 септември. Едноставно, јасно е дека летово ќе биде долго, жешко и возбудливо за сите оние кои играат Типстер куп во Sport Life.

МАКСИМАЛНО 12 ТИКЕТИ НА ДЕН, БОДОВИТЕ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПО ДАДЕНАТА ФОРМУЛА

Според правилата, првите 12 уплатени тикети во текот на денот влегуваат во конкуренција за бодови во Типстер купот. Бодови во еден ден носи само тикетот со најмногу бодови. Тоа значи дека месечно, секој типстер-играч може да има максимум бодирани тикети колку што има денови во месецот. Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите се рангира во табелите за генерален месечен пласман и локален месечен пласман.

Ова е формулата по која се пресметуваат бодовите:

P = a + 20b + 20c

„а“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата / комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „a“ може да изнесува максимум 800 бодови
„b“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација)
Значи, збирот „20b“ може да изнесува максимум 800 бодови
„c“ = „коефициент на учинок“, т.е.
коеф. на учинок = (помножени погодени коефициенти на тикетот) / помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1)

Збирот „20c“ е ограничен на максимум 4000 бодови. Типовите пресметани со коефициент 1 не влегуваат во пресметката на параметарот „c“.

- Оглас -

Најнови вести