Раководството на Бирмингам повлече неочекуван потег и одлучи да го повлече дресот со број 22 во чест на Џуд Белингам, 17-годишен играч кој веќе се пресели во Борусија Дортмунд.
Трансферот чини 26 милиони фунти, а потегот на англискиот вторлигаш е малку и чуден. Ваква чест обично им се укажува на легендите на клубот, а Џуд играше само една сезона за Бирмингам.
Можеби во прилог му оди тоа што со 16 години беше најмлад играч и стрелец во историјата на клубот, но за повлекување на дрес на фудбалер е потребно многу повеќе, особено за земја што се смета за колевка на фудбалот.
Белингам одигра 43 натпревари за Бирмингам во сезоната што заврши вчера и постигна 4 голови, а трансферот во Борусија беше реализиран непосредно пред стартот на последното коло во Чемпионшип лигата.
Бирмингем и покрај поразот од Дерби, на крајот сепак успеа да обезбеди опстанок и останува второлигаш во Англија.