Палас блесна со невидена утка – Пратија играч на позајмица, тој даде повеќе голови од цел тим

Норвешкиот репрезентативец Александер Сорлот игра импресивна сезона и како позајмен играч во Трабзонспор сезонава постигна дури 31 гол, комбинирани со 10 асистенции, и бие битка за прв стрелец во турското првенство.

И таму е лидер со 23 гола на едно коло до крајот на шампионатот, пред Папис Сисе со 22 и македонскиот голгетер Адис Јаховиќ со 17 погодоци.

Интересно е што Сорлот е фудбалер на Кристал палас, тим кој во Премиер лигата постигна вкупно 30 голови, исто така на едно коло до крајот на шампионатот.

Така излегува дека Сорлот, кој беше вишок кај премиерлигашот, има постигнато повеќе голови од сите играчи на Кристал палас заедно, а билансот е 31:30 во корист на норвешкиот репрезентативец.

Сега Палас и да сака, не може да го врати веднаш бидејќи имаат договор со Трабзонспор Сорлот да остане во редовите на турскиот прволигаш до крајот на идната сезона.

Опасниот стрелец потпиша за лондонскиот клуб во јануари 2018 година за сума од 10 милиони евра, кои му беа исплатени на данскиот Митјиланд, и одигра 16 меча без постигнат гол во Премиер лигата.

Од редовите на Кристал палас оценија дека 24-годишниот напаѓач не им е во преден план за следните сезони и најпрво му го позајмија на белгиски Гент, лани во јануари, а потоа од август го префрлија во Трабзонспор.

Со вкупно 31 погодок сезонава, Сорлот стана најефикасниот играч во еден циклус натпревари во клупската историја на Трабзонспор надминувајќи го легендарниот Грузиец Шота Арвелаѕе.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести