Килијан Мбапе сепак за среќа нема скршеница на скочниот зглоб на десната нога по бруталниот старт на Лоа Перан во финалето на францускиот куп, но точната тежина на повредата ќе се знае по новиот преглед закажан за три дена.
„Килијан има истегнување на десниот скочен зглоб со повреда на надворешниот латерален дел од лигаментите. Точната тежина на повредата ќе се знае по новиот преглед закажан за 72 часа“, објавија од клубот.
Мбапе беше повреден во финалето на Купот меѓу ПСЖ и Сент Етјен што се одигра вчера, а го добија светците со 1:0. Перан стартуваше грубо над офанзивецот на ПСЖ и во прв момент се чинеше дека му ја скрши ногата.
Сепак Мбапе со помош на помагала и со специјална лонгета на ногата присуствуваше на славјето со соиграчите по мечот.
ПСЖ треба да игра четвртфинале во Лигата на шампионите против Аталанта на 12. август во Лисабон, а претходно Светците треба да играат уште еден меч за пехар во Франција.
На 31. јули против Лион че го играат финалето во Лига купот, а на тој меч сигурно нема да игра Мбапе. Трката е тој да биде подготвен за настап против Аталанта на „Луж“ во Лисабон за 18 дена, кога ќе се бие важна битка за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.