Според презимето, требаше лесно да расчисти, но се лизна и си даде смешен автогол (Видео)

Патрик Меклин, дефанзивецот на Гленторан, можеше да одмори уште одреден период, барем според смешната реакција и автогол што си го постигна на првиот меч по паузата од речиси пет месеци.

Во полуфиналниот меч од националниот Куп на Северна Ирска, 23-годишниот одбранбен играч одигра несмасно во 22-рата минута и наместо лесно да расчисти, се лизна и сам ја турна топката во сопствената мрежа.

 

За негова среќа, Гленторан израмни 14 минути подоцна и ќе се обиде да победи за пласман во финалето и меч за пехарот против Балимена, екипата која по големата драма и по подоброто изведување на пеналите, го елиминира тимот на Колерејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести