Антонин Паненка, кој во последната пенал-серија од финалето на ЕП 1976 година, „измисли“ нов стил на шутирање пенали со поткопување на топката и нејзин бавен лет кон средината на голот додека голманот е фрлен на страна, смета дека тој стил најдобро го има усовршено Серхио Рамос.
Капитенот на Реал Мадрид сезонава двапати погоди од белата точка со измамување на голманот и рутинска „Паненка“, а и во минатото често го користи изумот на Чехот.
И Лионел Меси, Андреа Пирло, Зинедин Зидан, Алексис Санчес изведуваа такви пенали, а Шпанецот Рамос од 2012 наваму во повеќе наврати ја повтори таа техника и секогаш успева да даде гол.
„Рамос е мојот најдобар имитатор, бидејќи само тој повеќе од еднаш го има направено тоа. Две години го вежбав тој потег пред да го употребам во финалето против Западна Германија во 1976. Секој голман скока на страна и реков добро е да се шутира по средина. И јас за малку ќе играв во Шпанија, мислам дека Мурсија ме бараше, но трансферот не се реализираше“, вели 69-годишниот Паненка, кој се здебелил од јадење чоколади кои му ги земал на поранешен соиграч со кого си шутирале пенали, а наградата за победникот била чоколадо.