Ги декласира со четири гола, а го спремаа за резерва – Еве зошто Левандовски не дојде во Реал Мадрид (Фото)

Полскиот медиум „Дејли Онет Спорт“ ги објави ексклузивните детали од веќе подготвениот договор во 2013 година што требаше да го потпише Роберт Левандовски со Реал Мадрид.

Полјакот веќе имаше преддоговор со Баерн Минхен, но желба му беше од Борусија Дортмунд да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал му понуди веднаш да добие 11 милиони евра при потпишувањето на договорот, а ќе имаше плата на годишно ниво од 9.6 милиони евра, со бонуси максимум уште еден милион на контото.

Парите за Лева не беа пресудни, но фактот што од Реал не му гарантираа дека ќе игра го пишмани Полјакот, иако лично имаше желба да игра за Реал Мадрид.

Екипа на кој и даде четири гола на еден меч, но и клуб што не сакаше да му го даде дресот со број 9 и да му најде место во првата постава.

Како последна пречка беа клаузулите што требаше Левандовски да ги потпише и да гарантира дека нема да се релаксира со екстремни спортови. Наведени беа скијање, возење мотор и глисер, параглајдинг, качување по планини…

Баерн пристисна дополнително, му плати за тој период огромна сума од 25 милиони евра при потписот на договорот и доби врвен напаѓа. Лева е еден од најдобрите шпицови на светот и тоа го потврдува секоја година со голови и импресивни игри.

Четири пати како играч на Баерн беше топ-стрелец во Бундеслигата, а и сезонава беше најефикасен со 34 гола, доволно за Сребрена Копачка на Европа. Има шест шампионски круни со Баерн и две признанија за најдобар играч во Германија.

Моментно Левандовски има плата од 15 милиони евра според договорот со Баерн што е важечки до 2023 година

- Оглас -

Најнови вести