Струга ја чека македонската елита – Вардар е фаворит и ја доби полесната група

Се уште актуелниот европски првак Вардар ќе биде голем фаворит во полесната А група на реномираниот струшки ракометен турнир што ќе се игра од 12. до 16. август.

Скопјани ќе ги имаат за противници Охрид, Бутел и Пелистер 2, а во Б групата се останатите два фаворити за пехарот, Металург и Еурофарм Пелистер, заедно со Прилеп и домаќинот Струга.

Натпреварите стандардно се играат на отворено, а организаторите на турнирот се уште немаат одлучпено дали ќе има публика на трибините, или ќе се игра без присуство на гледачи.

Годинава реномираниот ракометен турнир што стандардно се игра во август ќе го има 48-то издание. Лани титулата ја освои грчкиот тим АЕК од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести