Казујоши Миура повторно се појави на теренот со 53 години, пет месеци и 10 дена за да игра на дуелот од Купот на Јапонија меѓу Саган Тосу и Јокохама. Миура беше стартер и одигра 63 минути за Јокахома, која славеше минимално со 1:0.
За Миура ова беше прв меч во 2020 година, а со тоа постави и еден необичен рекорд. Тој стана првиот фудбалер кои играл професионален дуел во пет различни декади. Кариерата на напаѓачот започна во далечната 1986 година и тоа во бразилскиот легендарен клуб Сантош. Во 1990 година се врати во Јапонија, каде и помина најголем дел од кариерата. Од 2006 година, неуништливиот Јапонец е дел до Јокохама.
53-year-old Kazuyoshi Miura today played his first competitive game of 2020 for Yokohama FC, meaning he has now played competitive football in five separate decades:
❍ 1980s
❍ 1990s
❍ 2000s
❍ 2010s
❍ 2020sWhat a man. 👏 pic.twitter.com/kZNBrBzc10
— Squawka Football (@Squawka) August 5, 2020