Хигинс со мајсторија која осум години не е видена на СП, освои максимални 147 поени (Видео)

Џон Хигинс во богатата снукер кариера успеа да ги освои сите најзначајни турнири, но му недостасуваше еден подвиг. Никогаш немаше направено максимален брејк на Светските првенства. Тоа се промени денеска. Во прославениот театер во Шефилд каде традиционално се игра Светското првенство во снукер, Хигинс успеа да направи максимални 147 поени.

Во осминафиналето против Курт Мафлин, Хигинс имаше перфектна серија и стигна до 10-тото максимално остварување од 147 поени. Само Рони О’Саливен (15) и Стивен Хендри (11) повеќе пати од Хигинс успевале да стигнат до 147 поени.

На Светските снукер првенства цели осум години немаше играч кој ќе направи 147 поени. За овој подвиг, Хигинс заработи 55.000 фунти. Вкупно 11 пати во историјата на Светските првенства е видена ваква мајсторија од снукер играч, па затоа уживајте во партијата на Џон Хигинс.

 

- Оглас -

Најнови вести