Баерн, можеби и Барселона, ќе ја бранат честа на клубовите кои биле европски прваци

Од осумте екипи кои ќе се најдат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, шест или седум никогаш не биле континентални прваци. Честа на екс шампионите ќе ја бранат Баерн Минхен (или ако се случи некакво чудо, па да биде Челзи), и евентуално Барселона, ако каталонците го минат Наполи.

Новиот систем за натпреварување воведен како заштита од коронавирусот, им дава надеж на сите тимови дека може да го освојат посакуваниот ушлестиот трофеј. За аутсајдерите, полесно е да елиминираат противник во само 90 минути, отколку да играат двапати со што фаворитот би имал шанса за поправка на евентуално загубеното.

Засега патници во четвртфиналето се Атлетико Мадрид, Аталанта, Лион, Лајпциг, Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Никој од нив не бил европски првак. Друштво ќе им прави најмалку еден екс првак, најверојатно Баерн Минхен, а и Барселона има подобри шанси отколку Наполи.

Оваа сезона е необична, па секакви исходи се можни. Од 2002 година наваму не се случило во четвртфиналето да нема ниту еден од прваците на Италија, Шпанија и Англија.

- Оглас -

Најнови вести