Откриено зошто се скараа Салах и Клоп, фудбалерот дури се заканил дека намерно ќе добие црвен картон

Ливерпул ремизира 2:2 на последниот меч на гости кај Вест хем, реми по кое тимот од „Енфилд роуд“ заостана во трката за титулата. Освен четирите интересни голови, дуелот го одбележа и караницата која се случи меѓу тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и ѕвездата во тимот, Мохамед Салах.

Салах беше на клупата за резерви кога во 79-тата минута при резултат 2:2, Клоп го повика својот фудбалер да влезе на теренот. Салах не беше многу воодушевен од одлуката да влезе во игра во последните 10-тина минути, а според некои читачи од усни кои биле ангажирани од страна на медиумите во Англија, голгетерот на Ливерпул имал лоша реакција и на Клоп му порачал „Сега нема што да направам“. Потоа Салах дури се заканил и дека намерно ќе добие црвен картон, нешто што, за среќа, не се случи.

Едноставно, Салах покажа дека не сака да влезе во игра на крајот од дуелот, и тоа кога неговиот тим треба да брка резултат и да постигне гол за победа. По тие коментари, разбирлива е реакцијата на Клоп, па останатите играчи требаше да ја смируваат ситуацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести