Официјално: Маурицио Сари веќе не е тренер на Јувентус!

Маурицио Сари е разрешен од функцијата тренер на Јувентус. Клубот му се заблагодари на Сари за стореното во оваа сезона во која ја одбранија титулата во Серија А, но во Европа не ги остварија амбициите. За Старата дама, испаѓањето од Лион во осминафинале е дебакл, и затоа го ослободија искусниот тренер кој до вчера тврдеше дека ќе остане, без разлика на исходот.

Се шпекулира дека нов тренер на Јуве ќе биде Симоне Инѕаги, но тој треба да добие раскин од Лацио. Како кандидати се спомнуваат и Масимилијано Алегри, Зинедин Зидан, Маурисио Покетино и Антонио Конте.

Под водство на 61-годишниот Сари, Јуве ја освои титулата во првенството, но испадна во сите куп натпреварувања кои се играа на елиминации (ЛШ, Куп на Италија и Суперкуп на Италија).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести