Манчестер јунајтед се доближува до пеналскиот рекорд на Барселона (Видео)

Севилја и Манчестер јунајтед во Келн играат интересно прво полувреме во полуфиналето на Лигата на Европа. Резултатот по првите 45 минути е 1-1. Јунајтед поведе со гол од пенал на Бруно Фернандеш со 14-тиот погодок откако во јануари дојде во клубот, а изедначи Сусо со својот втор гол во дресот на Андалузијците.

Манчестер од ноември нема загубено меч на кој повел со 1-0, па пред Севилја е тешка, но не и невозможна мисија. Инаку, пеналот за Црвените ѓаволи е 22 за нив сезонава. Повеќе пенали за тим од Топ-5 лигите во една сезона последен пат биле досудени во 2015/16, кога судиите дувнаа 24 пенали во полза на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести