Сусо: Како поранешен играч на Милан, сакам финале против Интер

Шпанскиот фудбалер Хесус Хоакин Фернадес Саес де ла Торе, или како што сите го знаат по прекарот Сусо, вчера со гол против Манчестер јунајтед придонесе Севилја да се пласира во финалето на Лигата на Европа, а сега желба му е во битката за трофејот да се сретнат со Интер.

„Прекрасно е што се пласиравме во финалето. Манчестер игра брзо, цврсто, направија многу шанси за гол. Среќен сум што победивме. Одвај чекам да заиграм во финалето. Како поранешен играч на Милан, многу добро знам што значи да се игра против Интер. И тоа ќе биде многу тежок натпревар“, вели Сусо.

Интер вечерва се среќава со Шахтар во второто полуфинале. Италијанците се фаворити, но и украинскиот тим полн со бразилски фудбалери ќе има што да каже и не е за потценување.

- Оглас -

Најнови вести